Време зa читање: 9 минутиНапорот на Доналд Трамп за огромно олеснување на надзорот врз крипто индустријата, додека тој и неговите синови истовремено брзо ги шират крипто потфатите што собраа милијарди долари од инвеститори, вклучително и од странски, предизвикува загриженост за етичките и правните прашања, пишува Би Би Си. Надзорните групи, конгресните демократи и некои републиканци упатија бура од критики кон Трамп за продажба на сопствената меме-монета, $Trump, нов крипто токен без вродена вредност, лично организирајќи вечера на 22 мај во неговиот голф клуб во Вирџинија за 220-те најголеми купувачи на $Trump и приватен „прием“ за 25-те најголеми купувачи.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека кај сите има „емоционално преоптоварување“, по повод објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, дека рускиот претседател Владимир Путин е „целосно полуден“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабоко незадоволство од руското бомбардирање на Украина за време на викендот, велејќи дека не е задоволен од рускиот претседател Владимир Путин.
Во извештај на „ХафПост“ од 15 мај се наведува дека прес-службата на Трамп во неговиот втор мандат, за разлика од сите претходни администрации во модерната ера, објавила само минимален дел од транскриптите произведени од непартиски државни службеници на сметка на даночните обврзници.