Руската армија започна интензивен напад врз Украина, користејќи големи роеви беспилотни летала, што предизвика жестоки реакции од меѓународната заедница.
Претседателот на САД Доналд Трамп го оквалификува својот руски колега Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека кај сите има „емоционално преоптоварување“, по повод објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, дека рускиот претседател Владимир Путин е „целосно полуден“.
Поранешниот потпретседател на САД, Ден Квејл, кој беше во администрацијата на Џорџ В. Буш од 1989 до 1993 година, изјави дека не разбира зошто сегашниот американски претседател не врши никаков притисок врз рускиот лидер Владимир Путин, за кого вели дека „нема желба“ да ја заврши војната во Украина.Денес, Квејл го води глобалниот инвестициски фонд „Церберус“ и отворено го критикува пристапот на Трамп кон војната во Украина, пишува cnbc .„Не ја разбирам наклонетоста на Трамп кон Путин.