Шефот на Одделот за владина ефикасност на Соединетите Американски Држави (DOGE), Илон Маск, го објави своето заминување од администрацијата на претседателот Доналд Трамп по завршувањето на неговиот 130-дневен мандат.
Илон Маск објави дека ја напушта администрацијата на Доналд Трамп, каде што ја водеше канцеларијата за намалување на трошоците на американската влада.
Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X. Мандатот на Маск од 130 дена како специјален владин службеник требаше да измине на 30 мај.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин.„Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека да не бев јас, многу лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија, мислам НАВИСТИНА ЛОШО.