Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за разговори на високо ниво за Украина, но прво мора да се постигне конкретен резултат преку директни преговори меѓу делегациите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објавија руските државни медиуми.„Претседателот Путин ја поддржува можноста за лична средба со Володимир Зеленски, како и со Доналд Трамп, но таквите контакти бараат добра подготовка“, изјави Песков пред новинарите, пренесе новинската агенција РИА Новости.
Колку што ми е познато сè уште не е добиен никаков одговор … Ние чекаме одговор од украинската страна, посочи Песков.