Од: А1он Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека „си игра со оган“ со интензивирање на нападите во Украина.
Претседателот на САД Доналд Трамп го оквалификува својот руски колега Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека кај сите има „емоционално преоптоварување“, по повод објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, дека рускиот претседател Владимир Путин е „целосно полуден“.
Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела размислувал за воведување санкции против Русија, објави „Волстрит џурнал“.Санкциите се разгледуваат бидејќи Трамп е фрустриран од нападите на лидерот на Кремљ, Владимир Путин, врз Украина и бавното темпо на мировните преговори, пишува „Телеграф“.Според еден од изворите, ограничувањата веројатно нема да вклучуваат нови банкарски санкции, но се дискутираат други опции за да се изврши притисок врз Путин да направи отстапки на преговарачката маса, вклучително и 30-дневен прекин на огнот поддржан од Украина, но отфрлен од Русија.