3Илон Маск изјави дека ќе продолжи да доаѓа во Белата куќа и ќе остане пријател и советник на Доналд Трамп откако ја заврши својата работа во американската влада, каде што од јануари го предводеше Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ). На прошталната прес-конференција во Белата куќа, Маск доби од Трамп голем златен клуч во дрвена кутија, за кој претседателот кажа дека го дава само на специјални луѓе како благодарност од државата.-Ова не е крај на ДОГЕ, туку негов вистински почеток.
Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X. Мандатот на Маск од 130 дена како специјален владин службеник требаше да измине на 30 мај.
Белата куќа му се заблагодари на Илон Маск за неговата служба, откако милијардерот објави дека го прекинува своето учество во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави портпаролката на претседателот.
Милијардерот Илон Маск објави дека ја напушта својата функција во американската администрација, откако беше на чело на таканаречениот Оддел за владина ефикасност во еден контроверзен напор за редуцирање на федералните издатоци.