Во Полска, на претседателските избори, победи кандидатот на опозицијата Карол Навроцки кој застапува десничарска политика, спротивна на сегашната полска влада која се смета за една од највоинствените во однос на војната во Украина, и меѓу најголемите поборници за влез на европски воени сили во Украина што, за некои европски држави како Словачка, Унгарија но и други е опсаност од широка војна низ цела централна и западна Европа.
Во вториот круг од изборите вчера Полјаците го избраа 42-годишниот Карол Навроцки за свој нов претседател, историчар со хулиганско минато, претседател на Институтот за народно сеќавање, поранешен боксер, чија политичка инспирација е американскиот лидер Доналд Трамп и движењето MAGA.
Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето, објави изборната комисија врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња.