Федералниот Суд за меѓународна трговија во САД донесе одлука со која ги блокира сеопфатните царини воведени од претседателот Доналд Трамп, нанесувајќи сериозен удар на еден од клучните елементи во неговата економска политика.
Одлуката, донесена од судискиот совет на Американскиот суд за меѓународна трговија, ја стопираше сеопфатната царина од 10 отсто што Трамп ја воведе „речиси за секој трговски партнер на САД“, а дополнителни царини се закануваа на десетици земји, пренесува „NBC News“.Блокирани царини за Кина, Мексико и Канада Судот исто така ги блокираше посебните царини што администрацијата на Трамп ги воведе за Кина, Мексико и Канада, при што како образложение за зголемувањето беа наведени трговијата со дрога и илегалната миграција.