Илон Маск влезе на политичката сцена како помошник на претседателот на САД, Доналд Трамп, држејќи моторна пила в рака, потсетува француската новинска агенција АФП, откако Макс најави повлекување од администрацијата.
Илон Маск објави дека ја напушта администрацијата на Доналд Трамп, каде што ја водеше канцеларијата за намалување на трошоците на американската влада.
Американскиот милијардер и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, објави на социјалната мрежа X дека ја напушта својата функција во администрацијата на Доналд Трамп.
Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X. Мандатот на Маск од 130 дена како специјален владин службеник требаше да измине на 30 мај.