Палестинската екстремистичка група Хамас вчера потврди дека преку меѓународни посредници добила нов предлог за прекин на огнот, изготвен од специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф.
Во соопштение за медиумите, Хамас наведе дека одговорно го проучува предлогот и оти „секој одговор ќе биде заснован на интересите на палестинскиот народ, со фокус на ублажување на хуманитарното страдање во Појасот Газа и постигнување траен прекин на огнот“. Kanal5
Оттогаш, 54.000 Палестинци, претежно жени и деца, се убиени во Појасот Газа, според Министерството за здравство на владата на Хамас, кое не прави разлика помеѓу борци и цивили.
Белата куќа вчера објави дека Израел го прифатил новиот предлог на САД за привремено прекин на огнот во војната со Хамас. Mk