Илон Маск изјави дека ќе продолжи да доаѓа во Белата куќа и ќе остане пријател и советник на Доналд Трамп откако ја заврши својата работа во американската влада, каде што од јануари го предводеше Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ). На прошталната прес-конференција во Белата куќа, Маск доби од Трамп голем златен клуч во дрвена кутија, за кој претседателот кажа дека го дава само на специјални луѓе како благодарност од државата.
Од: А1он ИлонМаск објави дека ја напушта администрацијата на Доналд Трамп, каде што ја водеше канцеларијата што ги намалуваше трошоците на американската влада.
Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X. Мандатот на Маск од 130 дена како специјален владин службеник требаше да измине на 30 мај.
Илон Маск објави дека ја напушта администрацијата на Доналд Трамп, каде што ја водеше канцеларијата за намалување на трошоците на американската влада.