Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се збогува со Илон Маск кој ја напушта својата позиција како раководител на Одделот за владина ефикасност, или DOGE, и ќе се префокусира на водењето на своите компании, вклучувајќи го производителот на електрични возила Tesla, компанијата SpaceX и платформата за социјални медиуми X. Трамп рече дека Маск направил „колосални промени во стариот начин на работење во Вашингтон“ и рече дека дел од персоналот на Маск во Одделот за владина ефикасност ќе останат на своите места.
Илон Маск објави дека ја напушта администрацијата на Доналд Трамп каде што ја водеше канцеларијата за намалување на трошоците на американската влада.
Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци.
Шефот на Одделот за владина ефикасност на Соединетите Американски Држави (DOGE), Илон Маск, го објави своето заминување од администрацијата на претседателот Доналд Трамп по завршувањето на неговиот 130-дневен мандат.