Од: А1он Американскиот претседател Доналд Трамп денес во телефонски разговор му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека САД не биле свесни за плановите на Украина за напад на руските аеродроми, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Иран е подготвен да го отфрли американскиот предлог за решавање на деценискиот нуклеарен спор, изјави денеска ирански дипломат, нарекувајќи го „неприфатлив“ бидејќи не ги зема предвид интересите на Техеран и не ја менува позицијата на Вашингтон за збогатување на ураниум.
ПУТИН ПОРАЧАЛ ДЕКА ЖЕСТОКО ЌЕ ОДГОВОРИ НА УКРАИНСКИТЕ НАПАДИ Трамп откри детали од разговорот со рускиот претседател Американскиот претседател нагласи дека Путин му рекол многу цврсто дека Русија ќе мора да одговори на неодамнешниот напад врз аеродромите.
„Клучната поента е дека конзорциумот не е алтернатива и не може да го замени збогатувањето на ураниум во земјата“, изјави Есмаил Багаеи, цитиран од новинската агенција Тасним.