Facebook / Володимир Зеленський Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи прекин на огнот додека се одржи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја поддржува иницијативата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган да се сретне со американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Турција, јави Укринформ . Тој на вчерашната прес-конференција во Киев рече дека без таков состанок нема да има прекин на огнот.
Турција станува еден од главните центри на дипломатијата за мир, бидејќи земјата сака да ги собере претседателите на Украина, САД и Русија на преговори, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по состанокот на украинската и руската делегација во Истанбул, како што објави TRT Haber.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè уште „подготвен“ да отпатува во Турција на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа – Керолин Ливит.