Во својата нова автобиографска книга, која излегува денес и ја опишува неговата работа во Брисел, како и краткото искуство како премиер на Франција, 74-годишниот Барние пишува дека „тој авторитарен пристап доби на интензитет во последните шест години, со Урсула фон дер Лајен, која сака сè да држи под своја контрола“.Во интервју за бриселскиот „Политико“ пред објавувањето на книгата, Барние рече дека под нејзино водство комесарите сè повеќе се однесувале како „супертехнократи“, а не како политичари. Tocka