Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека ќе има „сериозни последици“ доколку Илон Маск ги финансира демократските кандидати во нивната борба против републиканците кои ќе поддржат сеопфатен закон за даноци и трошење.„Ако го стори тоа, ќе мора да ги трпи последиците за тоа“, изјави Трамп за NBC News во телефонско интервју, но одби да даде повеќе детали.Трамп, исто така, рече дека нема желба да работи на подобрување на односите со Маск откако расправијата меѓу нив двајца стана јавна.„Не“, одговори кратко и категорично Трамп кога новинарите го прашаа дали има желба да го стори тоа.