Американскиот претседател Доналд Трамп не се откажува од борбата со Илон Маск, а денес изјави дека нема желба да го подобри тој однос и предупреди дека неговиот поранешен сојузник и финансиер би можел да се соочи со „сериозни последици“ ако се обиде да им помогне на демократите на претстојните избори.
Трамп има право на свое гледиште, но за Русија ова е егзистенцијален проблем кој се однесува на националната безбедност и иднината на земјата, изјави Песков.
Ова е последниот во низата напади меѓу двајцата, чијашто врска драматично се влоши и ескалираше во јавна расправија на социјалните мрежи во последните 24 часа.
Во телефонското интервју за ABC News рано утрово, неколку часа по жестоката размена на мислења со милијардерот Илон Маск, американскиот претседател Доналд Трамп изгледаше изненадувачки рамнодушен кон нивната расправија, како да не беше најинтересното нешто што му се случило тој ден.