Забраната за патување во Соединетите Американски Држави за граѓани на 12 земји, претежно африкански и блискоисточни, што ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, стапи на сила денес.Забраната, која Трамп ја потпиша минатата недела, се однесува на граѓани на Авганистан, Мјанмар, Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и Јемен, објави АП.Забраната, исто така, наметнува зголемени ограничувања за лица од Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела кои се надвор од САД и немаат важечка виза. Mk