Во почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа загинаа 55.104 луѓе, а повеќе од половина се жени и деца, додека повредени се 127.394 лица, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Израел тврди дека цел на нападите се само милитантните од Хамас.
Бројот на жртви во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа надмина 55.000, соопшти Министерството за здравство во понеделник. Mk
Конфликтот ескалираше на 7 октомври, кога милитантите на Хамас извршија масовен напад врз јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и заробувајќи 251 лице.
Подоцна, повеќе од половина од заложниците беа ослободени како дел од прекини на огнот и други договори. Racin
А светот?
Светот шепоти нешто за „право на самоодбрана“, потоа се враќа на дневната рутина, на берзите, на изборите, на Трамп и Маск, на цицките од… Па состанчат, па со некакви осуди, необврзни декларации, резолуции се обидуваат да си ја спасат само совеста. Frontline
Дали сме живи?
Или само сè уште дишеме од навика, додека светот се распаѓа пред нашите очи. Frontline
127.000 повредени тела, скршени коски и гореници, изгубени екстремитети, распарчени семејства.
90% од населението раселено, цели градови срамнети со земја, животот згмечен под гасениците на најнапредната воена машинерија на светот. Frontline
Да, загинаа 1.200 израелски цивили.
Тоа беше злосторство. Frontline
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Иако Израел дозволи ограничен увоз на помош под меѓународен притисок, дистрибуцијата на храна од страна на Хуманитарната фондација Газа заврши трагично кога десетици луѓе беа убиени од израелски оган додека чекаа во ред.
Фондацијата, која е поддржана од Тел Авив и Вашингтон, е обвинета од Обединетите нации и други хуманитарни групи за пристрасност. Mk
Сепак, меѓународната заедница изразува сериозна загриженост за обемот на цивилните жртви и разурнувањето на урбаните средини.
Според податоците, околу 90 проценти од населението на Газа е раселено, додека половина од територијата е претворена во воена тампон-зона. Racin
Иако Израел под меѓународен притисок дозволи ограничен увоз на хуманитарна помош, дистрибуцијата останува речиси невозможна поради постојаните воени дејствија.
Трагичен инцидент се случи кога десетици луѓе беа убиени од израелска артилерија додека чекале во ред за храна што ја дистрибуираше Хуманитарната фондација Газа, која е поддржана од Тел Авив и Вашингтон. Racin
Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради нејзиното неодамнешно патување кон Појасот Газа.
Група активисти, меѓу кои и шведската климатска активистка Грета Тунберг, ќе бидат депортирани од Израел откако беа уапсени на хуманитарен брод кој се обидуваше да стигне до Газа, објавија израелските власти.
Грета Тунберг и уште тројца пропалестински и антиизраелски активисти беа депортирани од Израел, еден ден откако израелската морнарица го пресретна нивниот брод „Мадлин“ за да го спречи да отплови кон Газа.
Израелските сили ја презедоа командата врз хуманитарен брод кој се обиде да ја пробие поморската блокада на Појасот Газа.
Палестинскиот претседател, Махмуд Абас го повика Хамас да „го положи оружјето“, веднаш да ги ослободи сите заложници и да престане да владее со Газа, се вели во соопштението на француското претседателство по приемот на неговото писмо.
Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, изјави дека ја поддржува идејата Хамас да се разоружа и „повеќе да не владее со Газа“ како дел од мерките за создавање идна палестинска држава.
НасловнаСветБројот на убиени Палестинци во Газа надмина 55.100 You cannot print contents of this website.
Најмалку 32 Палестинци, вклучувајќи и деца, се убиени, а десетици се повредени додека во време на тековните брутални напади на Израел врз Појасот Газа третиот ден од Курбан бајрам, еден од најсветите исламски празници.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, ги отфрли обвинувањата дека Израел врши геноцид во Газа, но изрази жалење што на некои од неговите луѓе им недостасува човечност и не го гледаат сегашното страдање на Палестинците во енклавата разорена од војна, објавија денес израелските медиуми.
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ги отфрли обвинувањата дека Израел врши геноцид во Газа, но изрази жалење што на некои луѓе во неговите редови им недостасува хуманост и не го гледаат моменталното страдање на Палестинците во разурнатата енклава од војната, објавија денеска израелските медиуми.
Facebook / Donald J. Trump Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот откако неговата администрација започна серија рации за имиграција, велејќи дека нема да дозволи беззаконието да продолжи.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ако протестите против имиграциската политика продолжат и во други градови, демонстрантите ќе се соочат со „иста или дури и поголема сила“ од Лос Анџелес.
Баталјон маринци веќе е распореден во Лос Анџелес.
Сподели со своите пријателиАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците во протестите во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите на Националната гарда кои беа испратени во тој град за да ги смират немирите и дека одговорот на членовите на гардата на тоа би бил да ги „удрат“.