Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека се обидува да договори телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп поради големите протести што се одржуваат во тој град, бидејќи сака Трамп „да ја разбере важноста на она што се случува во Лос Анџелес“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ако протестите против имиграциската политика продолжат и во други градови, демонстрантите ќе се соочат со „иста или дури и поголема сила“ од Лос Анџелес.
Тој го оправда распоредувањето на воени сили против демонстрантите кои протестираат против акциите на имиграциските служби насочени кон нелегалните имигранти.
Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом поднесе итно барање до федерален суд за да ја спречи администрацијата на Доналд Трамп да користи припадници на Националната гарда и маринци за поддршка на имиграциските власти во Лос Анџелес.