НасловнаСветНеколку активисти кои беа на бродот за Газа одбија депортација; Израел ќе ги изведе пред суд You cannot print contents of this website.
Група активисти, меѓу кои и шведската климатска активистка Грета Тунберг, ќе бидат депортирани од Израел откако беа уапсени на хуманитарен брод кој се обидуваше да стигне до Газа, објавија израелските власти.
Шведската активистка Грета Тунберг и други активисти чиј брод за помош за Газа беше пресретнат од израелските поморски сили, се однесени на аеродромот во Тел Авив за депортација.
Министерството за надворешни работи нa Израел соопшти дека земјата ја депортирала активистката Грета Тунберг, еден ден откако бродот кој таа го придружуваше на пат кон Газа беше запленет од израелската војска, пренесува агенцијата АП. Министерството соопшти дека Тунберг заминала со авион за Франција, а потоа продолжила кон нејзината родна Шведска.