Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес, во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ во Одеса, изрази благодарност за иницијативата на српскиот претседател да помогне во напорите за обнова и да преземе покровителство за обнова на неколку украински населби.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса изјави дека Србија би сакала да обнови еден или два града или помал регион во Украина и со тоа да им обезбеди поддршка на граѓаните на таа држава.
🎥 „ИМАТЕ ПОПАМЕТНИ РАБОТИ ДА ЧИТАТЕ И ДА ГЛЕДАТЕ“ Погледнете како Вучиќ самиот го одјави своето интервју на РТС Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Око“ на РТС на 10 јуни, се однесуваше арогантно и покажа непочитување кон јавниот сервис и кон водителката Ана Телесковиќ.