Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и иранските медиуми ја објавија смртта на бројни воени функционери и научници во израелскиот напад врз Иран рано наутро во петокот.
Досега е потврдно за загинување на следните лица: -Хосеин Салами, командант на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC) -Голамали Рашид, командант на Генералштабот на Хатам-ал Анбија -Ферејдун Абаси, нуклеарен научник и поранешен шеф на иранската Организација за атомска енергија -Мохамед Мехди Техранчи, нуклеарен физичар поврзан со програмата за развој на нуклеарно оружје на Иран -Мохамед Багери, началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран Исто така, според ирански извори, Али Шамкани, висок советник на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, е тешко повреден.