Не беше веднаш јасно колку луѓе имало во авионот или колку загинале.
„India Today“ пишува дека авион на Ер Индија што требало да лета за Лондон се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад. Tocka
Повеќе од 100 тела се однесени во болница во индискиот град Ахмедабад откако авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна неколку минути по полетувањето од западниот индиски град, соопштија властите, очекувајќи бројот на жртви да се зголеми. Press24
Се стравува дека нема преживеани во авионската несреќа која се случи изутрината во индискиот град Ахмедабад. Alfa
Патнички авион се урна на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад, објавија индиските медиуми во четврток, јавува CNN. Zoom
Сите 242 лица во авионот на Ер Индија што се урна денес во западна Индија загинаа, објави локалниот весник Indian Express, повикувајќи се на полицијата. Fokus
Авион на Ер Индија се урна во близина на аеродромот Ахмедабад во индиската држава Гуџарат во четврток попладне.
Несреќата се случила за време на полетувањето. Press24
При падот на патничкиот авион Боинг 787-8 на „Ер Индија“, кој сообраќаше од Ахмедабад за Лондон, загинаа најмалку 133 луѓе.
Авионот на „Ер Индија“ со 232 патници и 12-члениот екипаж се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Ахмедабад. Kurir