Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека се обидува да договори телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп поради големите протести што се одржуваат во тој град бидејќи дека сака Трамп „да ја разбере важноста на она што се случува во Лос Анџелес“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ако протестите против имиграциската политика продолжат и во други градови, демонстрантите ќе се соочат со „иста или дури и поголема сила“ од Лос Анџелес.
Баталјон маринци веќе е распореден во Лос Анџелес.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците на протестот во Лос Анџелес„имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите на Националната гарда кои беа испратени во тој град за да ги смират немирите и дека одговорот на членовите на гардата на ова ќе биде да ги „удрат“.„Ако плукаат, ние ќе удриме.