Црна кутија е пронајдена на местото на падот на авионот на „Ер Индија“ во Ахмедабад, потврди индискиот министер за цивилно воздухопловство Рам Мохан Наиду Кинџарапу, пишува Би-Би-Си. Црната кутија е пронајдена во рок од 28 часа по падот, соопшти Бирото за истрага на воздушни несреќи (AAIB), кое ја води истрагата со помош на американски и британски експерти.
Индиските власти соопштија дека се пронајдени 204 тела од уривањето на патнички авион на Ер Индија што се случи кратко по полетувањето од аеродромот во Ахмадабад кон Лондон.
Вишвакумар Рамеш, единствениот патник кој го преживеа падот на авионот на Ер Индија во кој загинаа 241 лице, изјави дека не можел да поверува дека е жив кога ги отворил очите, опкружен со пламен, урнатини и изгорени тела.
Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди и Контролниот центар на државната полиција.