Авионот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со неколку стотици патници се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот во индискиот град Ахмедабад.
Портпарол на полицијата за новинската агенција ДПА изјави дека авионот, кој сообраќал на релација од западноиндискиот град Ахмадабад до аеродромот Гатвик, се урнал денеска, при што речиси сите патници се верува дека загинале.
Повеќе од 100 тела се однесени во болница во индискиот град Ахмедабад откако авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна неколку минути по полетувањето од западниот индиски град, соопштија властите, очекувајќи бројот на жртви да се зголеми.
Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди и Контролниот центар на државната полиција.