Сирени за тревога се огласија во неколку градови во централен Израел, вклучувајќи ги Тел Авив, Холон и Петах Тиква, откако израелската војска (ИДФ) соопшти дека ракети биле испукани од Иран кон израелска територија.„Пред кратко време, сирени се огласија во неколку области низ Израел откако беа идентификувани ракети испукани од Иран“, соопшти Израелската одбранбена армија.„Граѓаните се повикуваат да ги следат упатствата на Командата за цивилна заштита.
Моќни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети кон Израел, пренесуваат медиумите.