Генерал Кејн за операцијата „Полноќен чекан“: Вкупно 75 бомби беа фрлени врз Иран, од кои 14 беа уништувачи на бункериОдлуката за затворање на теснецот, низ кој минуваат околу 20 проценти од глобалната побарувачка за нафта и гас, сè уште не е конечна.Сепак, пратеникот и командант на Револуционерната гарда, Есмаил Косари, денес изјави пред Клубот на млади новинари дека затворањето е „на дневен ред“ и дека „ќе се спроведе секогаш кога ќе биде потребно“.Зошто нападите врз Иран претставуваат најголем и најризичен потег на Доналд Трамп во надворешната политикаМинистерот за надворешни работи на Иран денес изјави дека Иран ќе се брани „со сите средства“ по нападите на САД врз клучните локации на иранската нуклеарна програма.– Исламската Република Иран ќе продолжи да ја брани својата територија, својот суверенитет, својата безбедност и својот народ со сите потребни средства – рече Абас Аракчи на маргините на состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул.– Мојата земја беше нападната, беше извршена агресија и ние мора да одговориме во самоодбрана.