Војската на Израел објави дека два брана проектили биле истрелани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма.
Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на AFP објавија дека слушнале силни експлозии.
„Армијата неодамна идентификуваше проектили лансирани од Иран кон територијата на Израел.
Одбранбените системи се активираат за да се пресретне заканата“, објави ИДФ околу 6:30 часот по средноевропско време. Zoom
Нападите се случија неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки – Фордо, Натанц и Исфахан – и ги нарече „исклучително успешни“.
Како одговор, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи рече дека Иран го задржува правото на сите форми на самоодбрана и предупреди дека невидените американски напади ќе имаат трајни последици. Tocka
Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на „АФП“ објавија дека слушнале силни експлозии.
Дописникот на „Би-Би-Си“ од Ерусалим, Хуго Бачега, јави дека над градот се слушнале повеќекратни детонации како резултат на активирањето на израелската противвоздушна одбрана. Tocka
ИДФ ги повика граѓаните веднаш да се засолнат во заштитени подрачја и да останат таму до понатамошно известување.
Според израелските служби за итни случаи, најмалку 11 лица се повредени во нападите. A1on
Војската на Израел објави дека два брана проектили биле истрелани кон Израел од Иран по американскиот напад во текот на ноќта врз клучните центри на иранската нуклеарна програма. Zoom
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Синоќа, во хотел во Женева, заврши средбата на министрите за надворешни работи од Велика Британија, Франција, Германија (Е3) и Европската Унија со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.
Иранската државна телевизија и израелската армија потврдија дека Иран повторно изврши ракетен напад врз Израел.
Сирени во Ерусалим и Тел Авив Сирените за воздушен напад се вклучија во Ерусалим и Тел Авив, а новинарите на АФП објавија дека слушнале гласни експлозии.
Израелските служби за итни случаи соопштија дека најмалку 16 лица се повредени во иранските ракетни напади на израелска територија.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека нападите на Израел врз Иран, непосредно пред новата рунда нуклеарни преговори со САД, имаат за цел да ги саботираат тие преговори.
Владата на Израел под водство на Бенјамин Нетанјаху е најголемата пречка за мирот на Блискиот Исток, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. рдоган го обвини Израел дека се обидува да го саботира секој обид за нуклеарни преговори меѓу САД и Иран, посочувајќи дека израелските напади покажуваат дека Тел Авив не сака дипломатија.
Иран и Израел разменија нови напади утрово, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори, пренесува Ројтерс.
Војната на Израел со Иран го чини Израел стотици милиони долари дневно, главно поради ракетната одбрана, воздушните операции и штетите во инфраструктурата, пишува „Волстрит џурнал“.
Израелската армија рано утрово соопшти дека Иран започнал нов ракетен напад врз Израел.
Европските министри за надворешни работи денес ќе се сретнат со својот ирански колега, со цел да го отворат патот за дипломатија околу спорната нуклеарна програма, и покрај тоа што САД активно размислуваат да се приклучат кон израелските напади врз Иран.