1 (22) ■ спорт > фудбал ■ 21-Jul 14:23 -> 23-Jul 22:30
.
.
.
.

Седлоски: Ќе дадеме максимум за да ја израдуваме вардаровата публика!

  • Вардар му го сврте грбот: Стоилов го напушта „црвено-црното семејство“

  • Седлоски: Очекувам да покажеме карактер, Вардар може да се носи со сите ривали!

Утре (четврток) со почеток од 20:30 часот Вардар на Градски во Скопје ја пречекува Лозана во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Сосема (не)очекувано, Стојанче Стоилов летово ќе го напушти Вардар, клубот во кој легендарниот пивот ја мина целата своја кариера, како капитен го предводешен до две европски титули, но и остана во црвено-црниот табор и во моментите на најголема финансиска криза.

Тренерот на победникот на Купот на , екипата на , , гостуваше во Утринската програма на јавниот национален сервис каде изјави дека очекува солиден пристап од играчите во двомечот со швајцарската , истакнувајќи дека тимот има доста нови поединци, но е доволно зрел за да покаже карактер.

4 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jul 21:54 -> 23-Jul 18:28
.
.
.
.

Герaпетритис ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјава

  • Муцунски на средба со Герапетритис – во фокусот билатералната соработка, економијата и инвестициите

  • Средба Герапетритис – Муцунски во Атина

Длабоко верувам во потенцијалот на нашите односи.

Поздрав од Атина – билатералната соработка, економијата и инвестициите во фокусот, напиша на Инстаграм министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски непосредно пред средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и актуелните геополитички случувања, се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на министрите за надворешни работи Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.

11 (6) ■ вести > македонија > хроника ■ 23-Jul 18:51 -> 23-Jul 21:19
.
.
.
.

ЦУК: Активни шест пожари во земјава, четири под контрола

  • ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола

Според добиените податоци, во земјава денес (до 18.30 часот) се евидентирани вкупно 21 пожар на отворен простор, информираат од ЦУК.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планините Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), во Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (шума), во Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), во Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), во Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација) и во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума – прнар и сува трева). Под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева), Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева) и во Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација). Според ЦУК, изгаснати се пожарите во Општина Битола – с. Ново Лагово (ниска вегетација), Општина Демир Капија – кај тунелите на автопатот Е-75 (ниска вегетација), Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума), Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација), Општина Новаци – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација), Општина Куманово – нас.

Повеќе од
оваа категорија

46 (31) ■ спорт > фудбал > лига на шампиони ■ 21-Jul 14:31 -> 23-Jul 10:15
.
.
.
.

Шкендија славеше во дуелот со ФЦСБ

  • Николов: Шкендија е од Македонија, но јас ќе навивам за ФЦСБ

  • Цаке: Најавените проблеми на ФЦСБ може да се само тактичка игра!

  • Беќири: Задоволен сум од победата, но ФЦСБ сè уште е фаворит!

Шкендија ја запиша една од најзначајните победи во својата историја, совладувајќи го романскиот гигант ФЦСБ (поранешен Стeaуа Букурешт) со 1:0 во рамки на второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Вечерва се игра првиот меч меѓу Шкендија и ФЦСБ (Стеауа) во квалификациите за Лигата на шампионите.

Во име на екипата на пред првиот меч од квалификациите за Лигата на шампионите со ФСЦБ од , во име на тимот говореше Клинсман Цаке.

Тренерот на македонскиот прволигаш Шкендија, Јетон Беќири по победата против ФЦСБ (1-0) во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) кажа дека е задоволен со настапот на неговите избраници, меѓутоа ја остави фаворитската улога кај ривалот од Романија.

Повеќе од
оваа категорија

35 (5) ■ бизнис > економија ■ 23-Jul 15:41 -> 23-Jul 17:54
.
.
.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е ЗА 11 ОТСТО ПОВИСОКА ОД ЛАНИ: Koлку заработуваат Македонците?

  • Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната нето плата во мај изнесувала 45.796 денари.

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %. Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68 859 денари.

306 (7) ■ бизнис > економија ■ 21-Jul 14:39 -> 22-Jul 13:11
.
.
.
.

Мицкоски: Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи во првите 5 месеци, Владата ги помага земјоделците и да извезуваат и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани

  • ▷ Мицкоски: Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи во првите 5 месеци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека според податоците на Државниот завод за статистика забележан е нагорен тренд на извозот на земјоделските производи и како Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок, изјави: „Точно е тоа, имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците.

Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи во првите 5 месеци, Владата ги помага земјоделците и да извезуваат и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани.

96 (3) ■ сцена > култура ■ 23-Jul 14:08 -> 23-Jul 15:21
.
.
.
.

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм” што ја доделува ДФРМ

  • Кирил Џајковски е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за 2025 година

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм”, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.

е добитник на годинешната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.

280 (3) ■ сцена > култура ■ 22-Jul 10:16 -> 23-Jul 09:33
.
.
.
.

Одбележани 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење во УНЕСКО

  • Македонскиот КИЦ во Загреб го одбележа јубилејот од впишувањетo на “Гласоечко…”во УНЕСКО

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење од Долни Полог на листата на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталентиран инструменталист што живее и работи во Германија.

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10. години од впишувањетo на “Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталенриран инструменталист кој живее и работи во Германија.