Израелската војска соопшти дека сите региони во земјата се вратиле на нормални активности без ограничувања од 20 часот (19:00 часот по локално време). „По проценката на ситуацијата и одобрението од министерот за одбрана Израел Кац, беше одлучено дека промените во одбранбените упатства на Командата на домашниот фронт ќе бидат спроведени веднаш, со почеток во 20 часот“, се вели во соопштението. 24info
„Како дел од промените, сите области во земјата ќе продолжат со нормални активности без ограничувања.“ Се вели дека заедниците во близина на Појасот Газа „остануваат предмет на упатствата на Јужната команда“.
Ваквата одлука доаѓа по договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Kajgana