Присуството на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на самитот на лидерите на НАТО промени сè во споредба со самитите од претходните години, поместувајќи го фокусот од поддршката за Украина кон зајакнување на одбранбените капацитети на алијансата, изјави денес во Хаг унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.Зборувајќи на прес-конференција по самитот, Сијарто рече дека ако сака да ја сумира разликата помеѓу овогодинешниот самит и оние од последните три години, тоа би било во два збора – Доналд Трамп, пренесува агенцијата MTI.Сијарто рече дека враќањето на Трамп на власт променило сè и дека сега секој може слободно да користи зборови како мир, прекин на огнот и мировни преговори, без страв од јавна осуда.„Со Доналд Трамп, самитот конечно го имаше на агендата на НАТО зајакнувањето на одбранбените капацитети на трансатлантската заедница, наместо нереална поддршка за Украина и нејзиното членство во НАТО“, рече Сијарто.