Јулијана Маринс го преживеала првичниот пад од карпа за време на групно пешачење рано наутро по стрмна патека на планината Ринџани, а спасувачите пријавиле дека ги слушнале нејзините крици за помош во саботата, објави Би-Би-Си. Но, напорите да се стигне до 26-годишната девојка во текот на следните денови биле попречени од екстремниот терен и магливото време, според индонезиските власти. Kanal5
Бразилските власти соопштија дека паднала од „карпа покрај патека во близина на кратерот на вулканот“.
Индонезиските власти изјавија дека потрагата досега била неуспешна поради тешкиот терен и густата магла, објави Би-Би-Си. Во објава на социјалните мрежи, паркот „Маунт Ринџани“ соопшти дека спасувачите ги слушнале повиците на Јулијана за помош во саботата. Vecer