Facebook / Donald J. Trump Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција за време на самитот на НАТО во Хаг изјави дека американските воздушни напади врз нуклеарните објекти на Иран ја уништија иранската програма и де факто ја завршија војната.
Конгресменот Бади Картер, републиканец од Џорџија, напиша писмо до Комитетот за Нобелова награда за мир, велејќи дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.
„ТРАМП СЕ ВКЛУЧИ НА НЕВИДЕН НАЧИН ВО ВОЈНАТА“ Нетанјаху прогласи историска победа Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа, рече израелскиот премиер неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Стоечки лав“.