Мусави изјави дека Техеран не ја започнал војната, туку одговорил на „агресорот“ со сета моќ што ја има.
„Бидејќи имаме целосни сомнежи во посветеноста на непријателот на своите обврски, вклучително и прекинот на огнот, подготвени сме да дадеме остар одговор во случај на повторена агресија“, рече тој, пренесе агенцијата Тасним. Libertas
Иран се сомнева во посветеноста на Израел на договорите за прекин на огнот и е подготвен да му даде на Тел Авив остар одговор доколку агресијата врз Техеран се повтори, изјави денеска началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Абдулрахим Мусави, во разговор со министерот за одбрана на Саудиска Арабија, Халед бин Салман. Libertas