1 (4) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 18-Apr 10:06 -> 18-Apr 10:24
.
.
.
.

Нова кривична за ексградоначалникот на Лозово, откако беше осуден на затворска казна

  • Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

Поранешниот градоначалник на пштина Лозово, Ацо Велковски од СДСМ, и уште две лица од Скопје ќе се соочат со кривична пријава.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

10 (23) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Apr 13:48 -> 17-Apr 13:09
.
.
.
.

Ниту еден обвинител не се повлекол од истрагата за ,,Пулс”, обвинителството го демантира ДУИ

  • ДУИ: Незаконските притвори за трагедијата во Кочани се срам за правосудниот систем

  • ДУИ: Не браниме поединци туку правдата како принцип

Откако од ДУИ денеска прашаа дали е точно дека еден обвинител кој постапува во тимот обвинители за истрагага во кочанската дискотека ,,Пулс”, од Обвинителството ја демантираат информацијата.

Незаконските притвори за трагедијата во Кочани се срам за правосудниот систем и уште еден доказ за селективната правда која станува алатка на политичка пресметка, велат од ДУИ.

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот – под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта.

13 (41) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Apr 07:00 -> 17-Apr 08:20
.
.
.
.

Адвокатот на Боре Видески: Или реконструкција или враќање на предметот на Вања и Панче во истрага

  • За да се утврди вистината предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага или да се одреди реконструкција, вели бранителот на еден од обвинетите

  • Одложено рочиштето на кое Палевски требаше да продолжи со давање исказ

  • Продолжува сведочењето на Љупчо Палевски, првообвинет за убиството на Вања и Панче

Адвокатот на Боре Видески, Боре Манев, смета дека откако ќе завршат исказите на сите обвинети неопходно ќе биде да се направи реконстукција на целиот настан.

Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.

Рочиштето на кое првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо денеска требаше да продолжи со сведочењето се одложи.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

128 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 17-Apr 11:26 -> 17-Apr 12:48
.
.
.
.

Општина Илинден со хуманитарна акција во пресрет на Велигден

  • Во пресрет на Велигден: ТАВ Македонија донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Општина Илинден и оваа година по повод големиот христијански празник Велигден ја спроведува хуманитарната акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на територија на општина Илинден.

Единаесетта година по ред, ТАВ Македонија учествува во хуманитарната акција „Подај рака” со која заедно со општина Илинден помага на луѓето кои живеат во околината на скопскиот аеродром Како дел од хуманитарната иницијатива „Подај рака“, а во пресрет на големиот христијански празник Велигден, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, денеска, 17-ти април, донира пакети со прехранбени производи и со хигиенски средства за 37 семејства од Општина Илинден, кои живеат во социјален ризик.

182 (5) ■ бизнис > економија ■ 16-Apr 11:51 -> 16-Apr 13:57
.
.
.
.

Стратегијата за минерални суровини во финална фаза, рокот за забелешки е до 1 мај

  • По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната срединакако и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година.

189 (4) ■ бизнис > македонија ■ 16-Apr 15:07 -> 16-Apr 20:11
.
.
.

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза

  • Помош за настраданите во Кочани од Македонската, Централниот депозитар и Загребската берза

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец.

Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза ќе пружат финансиска помош во вредност од 25.000 евра на новооснованата фондација на Македонската банкарска асоцијација, именувана „Заедно за едно”.

Tweets Македонија

2h

6h

24h

2h

6h

24h