Од: А1он Рускиот претседател Владимир Путин денес, по повод Денот на независноста на Белорусија, изјави дека врските меѓу двете земји се силни како и секогаш и покрај сериозните надворешни закани и предизвици.
„Важно е денес, во услови на сериозни надворешни закани и предизвици, братските врски и меѓусебната солидарност што ги поврзуваат нашите земји да останат силни како и претходно“, се вели во честитката на Путин до белорускиот лидер Александар Лукашенко, пренесува РИА Новости. A1on