На 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, некои организации повикаа на протест против американскиот претседател Доналд Трамп, кој треба да се одржи на повеќе од 200 локации под заедничкото име „Слободна Америка“.Еден од организаторите е групата „Женски марш“, која повика на протест со порака дека демонстрантите планираат собири, паради, скари и други начини да го покажат своето незадоволство.„Нашата слобода, нашиот народ, нашиот бунт“, напишаа тие во повикот за овој протест.Сепак, како што пишува „Аксиос“, има многу помал интерес за овој протест отколку што беше пред неколку недели, кога се одржуваа демонстрации под името „Без кралеви“.Во тоа време, милиони луѓе низ САД излегоа на улиците и го изразија својот протест на мирен начин против постапките на американскиот претседател, додека овој пат се очекуваат стотици илјади на нешто повеќе од 200 планирани настани. Puls24