Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ наложил на американската државна обвинителка Пам Бонди да достави релевантно сведочење поврзано со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн.
„Врз основа на смешниот обем на публицитет што му беше даден на Џефри Епштајн, ја замолив државната обвинителка Пам Бонди да ги достави сите релевантни сведочења на големата порота, под услов да бидат одобрени од Судот“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Трут соушл. Alsat
Според него, оваа измама, овековечена од демократите, треба веднаш да заврши.
Потоа на Икс се огласи и обвинителката Бонди, која напиша дека Министерството за правда е подготвено веднаш да го повика судот да ги открие транскриптите на големата порота. Telma