Европската вселенска агенција (ЕСА) го финансира развојот на хиперсоничен вселенски авион, за којшто се очекува да полета до 2031 година, како што се наведува - ако сè оди според планот.
Авионот се развива во рамките на истражувачката програма „Инвиктус“ (Invictus), предводена од консултантската фирма „Фрејзер-Неш“ (Frazer-Nash), со буџет од 7 милиони фунти (скоро 8,1 милион евра). Конструкторите користеле технологија на „Риекшн енџинс Лтд.“ (Reaction Engines Ltd.) - британска компанија што го градеше џиновскиот вселенски авион „Скајлон“ (Skylon), но беше спречена во тоа поради банкрот минатата година.