Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
4.90
12.40
0.67/0.16
5.00
1.68
0.34
460.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
4 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 15.1
Best clustering variants
4 0.99/0.01 2 15.1
Plusinfo

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, повика на понатамошен развој на артилериските тактики на војската, во согласност со „острата и акутна“ природа на секојдневно променливото модерно боиште, како и на засилување на „интензивната обука за „вистинска војна“, објавија државните медиуми во четвртокот, . Додека надгледувал артилериско натпреварување на потчинети единици на Корејската народна армија (КНА) во средата, Ким повикал војската да ја засили борбената подготвеност преку интензивна обука, нагласувајќи ја способноста „да се реагира веднаш во случај на војна и да се уништи непријателот во секоја битка“, пренесе Корејската централна новинска агенција (KCNA). Изразувајќи задоволство по набљудувањето на натпреварот, тој изјавил дека армијата треба уште повеќе да го зголеми интензитетот обуката за вистински конфликт и потенцирал дека најсилното средство за одвраќање од војна е „најјасниот став кон заколнатиот непријател“.

За време на неговата посета на Министерството за одбрана во февруари, Ким ја означи 2025 година како година на воена обука, во услови на зголемени тензии на Корејскиот Полуостров. Plusinfo