Најмалку 1.062 лица загинаа во Иран за време на 12-дневната војна со Израел минатиот месец, соопшти денеска портпаролката на иранската Влада Фатеме Мохаџерани, повикувајќи се на официјални податоци.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Техеран не може да се откаже од својата програма за збогатување ураниум, која беше сериозно оштетена од бранови американски и израелски воздушни напади минатиот месец, . – Во моментов е запрена бидејќи, да, штетите се сериозни и тешки, но очигледно, не можеме да се откажеме од нашето збогатување, зашто тоа е постигнување на нашите научници, а сега, повеќе од сè, тоа е прашање на национална гордост – изјавил Арагчи во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“ емитувано во понеделникот.