Камбоџа и Тајланд денеска упатија меѓусебни обвинувања дека другата страна започнала артилериски напади низ спорните гранични области рано утрово, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерите на двете земји се согласиле да работат на прекин на огнот.
Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА.
Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека разговарал со лидерите на Камбоџа и Тајланд и дека двете земји сакаат итен прекин на огнот.