Добивај вести на Viber Кога Дмитриј Медведев двапати ја обвини администрацијата на Доналд Трамп минатата недела дека „ги турка Русија и САД кон војна“, а потоа го потсети светот на нуклеарните капацитети на Русија, вклучувајќи го и системот „Мртва рака“, многумина се прашуваа - кој е овој човек?
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање две нуклеарни подморници „во соодветните региони“.
Неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, поради изјавите на Дмитриј Медведев, ќе испрати нуклеарни подморници поблиску до Русија, пристигна првата официјална реакција од Кремљ.Како што се очекуваше, прв се огласи портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, кој рече дека Путин бил запознаен со изјавите на Доналд Трамп.„Русија тргнува од фактот дека не може да има победник во нуклеарна војна“, рече Песков.Тој, исто така, истакнува дека треба да се биде особено внимателен со изјавите во врска со нуклеарното оружје.„Многу сме претпазливи со сите изјави поврзани со нуклеарните прашања.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги обвини земјите од НАТО дека се откажале од мораториумот за нуклеарни ракети со краток и среден дострел и рече дека Москва ќе преземе понатамошни чекори како одговор.