Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Зеленски 16:40, август 4, 2025 Претседателот на Русија, Владимир Путин, е отворен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но само откако на стручна основа ќе се одржат подготовителни разговори, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. Centar
Песков истакна дека подготовките за таков состанок сè уште не започнале.
Додаде дека не е исклучена можноста Путин оваа недела да се сретне со посебниот претставник на претседателот на САД, Стив Виткоф. Zoom
Путин претходно изјави дека ја поддржува идејата за долготраен мир во Украина, додавајќи дека сите досегашни разочарувања во преговорите се резултат на преголеми очекувања.
Тој ги повтори и своите услови за прекин на војната: неутрален статус на Украина, откажување од членство во НАТО и повлекување на украинските сили од Донецк, Луганск, Херсон и Запорошка област. Puls24
Тие напори се важни, особено поради долготрајниот застој во директните преговори меѓу Русија и Украина.
Работиме на тоа и остануваме на ставот дека најдобар исход за нас е политичко и дипломатско решение на украинското прашање“, рече Песков. Puls24
Претседателот на Русија, Владимир Путин, е отворен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но само откако на стручна основа ќе се одржат подготовителни разговори, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. Puls24
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање две нуклеарни подморници „во соодветните региони“.
Доналд Трамп изјави дека ќе го испрати својот специјален пратеник Стив Виткоф во Москва оваа недела, пред истекот на рокoт за напредок во завршувањето на војната во Украина, пренесува „Гардијан“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок.-Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите, им рече Трамп на новинарите пред да се качи на „Ер Форс Уан“ откако го напушти својот голф клуб во Њу Џерси.
УЛТИМАТУМ ОД ТРАМП ДО ПУТИН, ПРИМИРЈЕ ДО ПЕТОК ИЛИ САНКЦИИ Виткоф набргу заминува за Русија Претседателот на САД, Доналд Трамп, нагласи дека Москва досега умешно успева да ги избегне санкциите.
Москва не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Виткоф 360степени | 4 август, 2025 15:45.
Кремљ не ја исклучува можноста рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, да се сретнат оваа недела, изјави денес портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Руските сили намерно ги таргетираат цивилите, како и спасувачите и медицинските лица кои реагираат на напади, користејќи беспилотни летала со FPV, објави претседателот Володимир Зеленски на социјалните мрежи, споделувајќи видео снимки од градовите на фронтот, пренесува Укринформ.„Сметаме на силни одлуки од Соединетите Американски Држави, Европа и светот во врска со секундарните санкции врз руската трговија со енергија и банкарскиот сектор на Москва.
Украинските антикорупциски агенции открија голема шема за примање мито и купување оружје по претерани цени во земјата, соопштија тие.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека оваа недела ќе издаде нови упатства за продолжување на војната во Појасот Газа, бидејќи расте притисокот врз неговата влада да го прекине конфликтот и да ги ослободи заложниците земени од Хамас на 7 октомври 2023 година.
Се очекува денеска во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел, по месеци строго ограничен пристап до хуманитарна помош и стока до палестинската енклава, објави египетската телевизиска станица Ал-Кахера њуз.
Илјадници луѓе во Израел демонстрираа доцна синоќа барајќи ослободување на сите заложници што сè уште се држат во Појасот Газа.
Западните лидери ги осудија видеата од ослабените израелски заложници снимени од нивните киднапери во Газа, а Црвениот крст повика на пристап до сите што останаа во заробеништво, пренесува Би-би-си. Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами, изјави дека „сликите од парадирање на заложници за пропаганда се одвратни“ и дека тие мора да бидат ослободени „безусловно“.Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече дека е „згрозен“ од сликите, додавајќи дека ослободувањето на сите заложници е задолжителен предуслов за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.