Соединетите Американски Држави ја удвоија наградата за информации што доведоа до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 50 милиони долари, обвинувајќи го дека е „еден од најголемите трговци со дрога во светот“, објави Би-Би-Си њуз . Американскиот претседател Доналд Трамп е долгогодишен критичар на Мадуро, кој се врати на функцијата во јануари по изборите обележани со обвинувања за фалсификување на гласовите и во голема мера отфрлени од меѓународната заедница.
Сподели со своите пријателиСоединетите Американски Држави понудија награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави американскиот државен обвинител Пам Бонди.