Новиот полски претседател Карол Навроцки денес ја презеде функцијата за петгодишен мандат, но тоа не e празничен ден за премиерот Доналд Туск.
Новоизбраниот десничарски претседател на Полска, Карол Навроцки, ќе ја преземе функцијата денеска, со што ќе започне период на можна конфронтација со проевропската влада, објави ДПА.42-годишниот независен историчар, кој беше поддржан од опозициската партија Право и правда (ПиС), прогласи победа во вториот круг на почетокот на јуни.