Германската влада нема да одобри никаков извоз на воена опрема во Израел што би можела да се користи во Појасот Газа до понатамошно известување, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, во врска со планот на Израел да ги прошири своите воени операции на палестинската територија. denesen.mk
Стармер ги даде овие забелешки откако воениот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри плановите за операција за заземање на градот Газа.
Британскиот премиер рече дека Израел треба да дејствува во насока на деескалација, а не да започне нова операција.-Оваа акција нема да донесе крај на конфликтот ниту ќе помогне во ослободувањето на заложниците. frontline.mk
Мерц претходно денес изјави дека германската влада го суспендира извозот на каква било воена опрема во Израел што може да се користи во Појасот Газа.
Оваа одлука доаѓа како реакција на планот на Израел за проширување на воените операции во палестинската енклава. zoom.mk