Марија Митева, портпаролка на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, говореше на темата за претстојните локални избори во земјава и посочи дека имињата на кандидатите за скоро ќе бидат објавени.
Од самиот почеток покажавме дека транспарентноста не е само збор кој популистички го користиме, туку напротив ја вклучуваме јавноста во сето она што го прави Владата, а Владата е притоа во служба на сите граѓани, истакна портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на гостување во Дневникот на Алсат телевизија.